ЕУ планира да свика итен самит за брегзит

0

ЕУ размислува да свика итен состанок на лидерите на ЕУ за Брегзит. Внатрешните дискусии во ЕУ се фокусираат на можно одржување на самит на лидерите на ЕУ неделава.

Европски дипломати за Би-Би-Си изјавиле дека е постигнат голем напредок во преговорите, но дека им треба повеќе време.

,,Минатата недела почувствувавме дека работите сега ќе се одвиваат многу брзо. Сега сфаќаме дека сè уште сме далеку со ставовите“, изјавил анонимен дипломат.

Се очекува Велика Британија да ја напушти Европската Унија до крајот на овој месец, а рокот веќе беше одложен неколку пати.