21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

ЕУ очекува двојно повеќе вакцини од април

Најчитани вести

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека Унијата очекува двојно да се зголеми снабдувањето со вакцини од април, што би значело околу 100 милиони дози месечно во вториот квартал.

Лајен рече дека ЕУ е загрижена поради новите мутации. Таа појаснува дека вакцините делуваат добро, но стравува од можноста во секој момент да се појави нова мутација, која може да биде отпорна на сегашните вакцини. Најверојатно, ќе треба долго време да се справуваме со овој вирус на глобално ниво, оцени таа.

Фон Дер Лајен смета дека е потребно да се скрати процесот на одобрување на вакцините, преку побрза размена на податоци.

„Редовната вакцинација против коронавирусот и неговите мутации може да станат нормалност на долг рок, како што сме навикнати против грипот“, рече претседателката на Европската комисија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести