10.2 C
Skopje
Monday, November 29, 2021

ЕУ нѐ разочара за вакцините, порача Заев од Луксембург

Најчитани вести

Премиерот Зоран Заев во интервју за луксембуршкиот весник „Ворт“ го коментираше процесот на вакцинација и финансиската помош од ЕУ и призна дека земјава е разочарана од Европската Унија во однос на вакцините.

„Би било нечесно ако не признаам дека ЕУ нѐ разочара со набавката на вакцини за коронавирусот. Но ни рекоа дека во овој момент е невозможно за Унијата да ги сподели вакцините“, вели Заев.

Тој уште оцени дека ветото на Бугарија во ЕУ беше неблагодарен гест, ама дека неговата влада е посветена на европеизација на земјата

„Ветото на Бугарија за почетокот на преговорите со ЕУ беше неблагодарен гест, ама македонската Влада и натаму е посветена на европеизација на земјата“, изјави Заев за луксембуршкиот весник „Ворт“ за време на неговата посета на Луксембург.

Во текстот во „Ворт“ се споменуваат бројните пречки со кои соочи Македонија на патот кон ЕУ, почнувајќи од спорот со Грција, француската блокада и ветото од Бугарија и на прашањето до Заев дали тоа може да има негативни последици врз поддршката на граѓаните за ЕУ тој одговара: „Точно, неблагодарно е што нашиот сосед Бугарија стави ново вето за нас во декември 2020 година. Главната цел е да се решат историските разлики во интерпретациите помеѓу Скопје и Софија“.

Тој, како што пренесува МИА, порачува дека „сѐ уште можеме да изнајдеме решение за бугарското вето пред јуни“.

„Ова бара помош од другите во ЕУ, која исто така треба да докаже дека ги почитува вредностите и дека историските спорови не смеат да бидат пречка за иднината на земјата“, додава Заев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com