-1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

ЕУ: Косово да формира влада и да ги продолжи реформите и дијалогот со Белград

Најчитани вести

Европската Унија ја повика Приштина што побрзо да формира влада за да се продолжи работата на процесите важни за Косово и неговите граѓани, вклучувајќи го тука и продолжувањето на дијалогот со Белград, пренесува „Спутник“.

„Косово мора да ја продолжи итната работа на реформите во економијата, општествениот развој и владеењето на правото и да работи на примената за Спогодбата за стабилизација и проширување на дијалогот со Белград“, се наведува во соопштението кое од име на ЕУ го објавија специјалниот претставник на ЕУ на Косово, ЕУЛЕКС и шефовите на ЕУ мисиите на Косово.

Во соопштението пред конститутивното заседание на парламентот, закажано за 26 декември во Приштина, ЕУ потсетува дека изборите на Косово одржани на 6 октомври им дале можност на граѓаните на Косово на демократски начин да ги изберат своите лидери.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести