20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

ЕУ го повика Ердоган да ја врати довербата во односите со Унијата

Најчитани вести

Лидерите на европските институции денеска го повикаа претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, да создаде услови за мирни односи со Европската унија (ЕУ) за време на видео состанокот на двете страни, одржан пред Европскиот самит закажан за 25. и 26 март. „Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја истакнаа важноста од континуирано смирување (на ситуацијата) и градење доверба со цел да се овозможи попозитивна размена меѓу ЕУ и Турција“, се вели во соопштението на ЕУ. Од своја страна, Ердоган инсистираше на „конкретни резултати“ на Европскиот самит и побара да започне „дијалог на високо ниво“, соопшти неговиот кабинет. ЕУ смета дека треба да биде претпазлива поради промената во однесувањето на турскиот претседател по една година голема напнатост и тензии. Ердоган на крајот на 2020 година изрази желба да ги смири тензиите со ЕУ по турските поморски активности во источниот дел на Средоземното море. Грчките и кипарските власти ги оценија тие активности како агресивни. Во зависност од одлуките на европските лидери на претстојниот состанок, Урсула фон дер Лајен наскоро може да ја посети Анкара. За посетата стана збор на онлајн состанок со Ердоган, но сè уште не е утврден датум.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести