Европската унија одлучи да ги продолжи санкциите наметнати на сирискиот режим за една година.
Во соопштението на Европскиот совет се наведува дека санкциите се продолжени до 1 јуни 2023 година, поради притисокот врз цивилното население во Сирија.
Се наведува дека од списокот со санкции се отстранети три лица, а на списокот останале 289 лица и 70 организации. Санкциите вклучуваат замрзнување на имот и забрани за патување.
Санкциите беа насочени кон бизнисмени и компании блиски до сирискиот режим.
Дополнително, мерките вклучуваат увоз на нафта, ограничување на одредени инвестиции, замрзнување на средствата на Централната банка на Сирија во ЕУ, ограничување на извозот на опрема и технологии кои ќе се користат за вршење притисок и следење на комуникациите во земјата.
Санкциите не го спречуваат испраќањето хуманитарна помош во Сирија, пренесуваат агенциите.