Home » ЕУ ги зголемува средствата за воена помош на речиси осум милијарди евра

ЕУ ги зголемува средствата за воена помош на речиси осум милијарди евра

by Журнал.мк

Советот на ЕУ објави дека одлучил да ги зголеми средствата од Европскиот механизам за поддршка на мирот на 7,979 милијарди евра до 2027 година за да ги покрие дополнителните трошоци. ЕУ ги користи тие средства за вооружување на Украина. Во декември минатата година беше одлучено да се додадат две милијарди евра на овие средства во 2023 година и да се предвиди дополнително зголемување, јави БТА.

Европскиот фонд за поддршка на мирот, основан во 2021 година, обезбедува финансирање за сите активности на заедничката надворешна и безбедносна политика поврзани со воени и одбранбени прашања, со цел спречување конфликти, зачувување на мирот и зајакнување на меѓународната безбедност и стабилност, се наведува во соопштението. Според механизмот, ЕУ финансира акции насочени кон зајакнување на способностите на земјите кои не се членки на ЕУ и регионалните и меѓународните организации во воените и одбранбените прашања. Механизмот е вонбуџетна алатка и првично имаше на располагање до 5 милијарди евра до 2027 година.

ЕУ преку тој механизам ги поддржува украинските вооружени сили и досега седумпати се доделени средства за Киев. Финансирање се обезбедени и за Мозамбик, Грузија, Молдавија, Мали, Сомалија, Нигер, Јордан, Босна и Херцеговина, Либан и Мавританија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk