29.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

ЕУ воведува санкции за Белорусија

Најчитани вести

Советот на ЕУ на ниво на министри за надворешни работи денеска ќе усогласи 4 пакети санкции против Белорусија, објави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Жосеп Барел, по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

„Денес ќе се договориме за четвртиот пакет санкции против Белорусија. Ќе бидат воведени нови санкции против 86 физички лица и компании“, рече Борел.
По пристигнувањето на состанокот, финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто најави дека санкциите ќе бидат воведени „поради кршење на човековите права и притисок врз опозицијата“, како и поради присилното слетување на авионот „Рајан ер“.

Според Борел, економските санкции на ЕУ против Белорусија ќе бидат тема на самитот на ЕУ од 24-25 јуни и ќе бидат усвоени потоа. Борел најави дека економските санкции на ЕУ против Белорусија ќе бидат насочени кон белорускиот извоз во ЕУ и дека е рано да се зборува за специфични гранки.

И германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас побарал дополнителни санкции против Белорусија денес, пред состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија, на кој ќе се разговара за казнените мерки за властите во Минск.

„Сметам дека дополнителните санкции против Белорусија се неизбежни“, изјави Мас за германските медиуми.

Според него, санкциите треба да се прошират на белоруската економија, како што се индустријата и енергетскиот сектор.

„На владата во Минск треба да и се ускрати можноста да собере средства во ЕУ со издавање државни обврзници“, додаде Мас.

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска се состануваат во Луксембург и се очекува да одобрат воведување санкции за 80 функционери во Белорусија. Лидерот на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја, ќе разговара со министрите пред почетокот на состанокот.

Претседателот Александар Лукашенко, кој управува со Белорусија од 1994 година, досега се спротивстави на притисокот благодарение на поддршката од главниот сојузник на Русија, пишуваат агенциите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com