0 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

ЕУ бара построги мерки против уништувањето на шумитe

Најчитани вести

Земјите членки на ЕУ апелираат до Европската Комисија да предложи конкретни мерки за борба против уништувањето на шумите како дел од новиот европски Зелен пакт.

Барањето на сите 28 земји членки е усвоено едногласно, тие изразуваат “длабока загриженост” за недостатокот на конкретни политички мерки за спречување на дефорестацијата и бараат од Европската Комисија итно да се координира со земјите на ЕУ, индустријата, граѓанското општество и земјите партнери на ЕУ во рамките на Зелениот пакт на ЕУ.

ЕУ членките препорачуваат во иднина во сите трговски партнерства со трети земји да бидат вклучени специфични услови за одржливо управување со шумите како и одржливи земјоделски производи кои не предизвикуваат уништување на шумите. ЕУ смета дека политиките на финансирање треба да бидат пренасочени кон одржлива употреба на почвата и истакнуваат дека треба да се мобилизираат доволно средства за заштита и ресторација на шумите во светот.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести