Home » Еурофарм Пелистер домаќин на данскиот Архус на жешкиот терен во Битола

Еурофарм Пелистер домаќин на данскиот Архус на жешкиот терен во Битола

by Журнал.мк

Еурофарм Пелистер денеска од 20.45 часот во салата „Боро Чурлевски“ – Битола ќе го игра својот прв натпревар сезонава (2022/2023) во ЕХФ Европската лига, ривал е данскиот Скандерборг-Архус.

Играчите предводени од тренерот Ларс Валтер се очекува да има голема поддршка од навивачите и заедно со нив ќе атакуваат на првите бодови во рамките од групата „Д“ каде што се и екипите на Фуксе Берлин, Мотор, Бидасоа Ирун и Агуас Санташ Миланеза.

– Се подготвуваме многу добро, јако тренираме. Ја гледавме данската екипа како игра, се поставуваме да играме подобро и мислам дека на крајот од денот ќе издвојуваме победа. Многу добро ни дојдоа овие седум натпревари од домашното првенство, се разигруваме и тоа е многу добро за нас пред европските натпревари – вели ракометарот на Е. Пелистер, Павле Атанасијевиќ.

Македонскиот вицешампион во сезоната 2018/2019 под името Еурофарм Работник дебитираше во тогашниот ЕХФ куп кога во групата „Б“ беше последен со една остварена победа.

Потоа, ЕХФ купот беше заменет од ЕХФ Европската лига, сезоната 2019/2020 беше откажана поради пандемијата на коронавирусот. Во сезоната 2020/2021 Е. Пелистер го освои четвртото место во групата „Д“, а во осминфиналето беше елиминиран со два порази од германскиот Магдебург (24:32, 24:35).

Минатата сезона 2021/2022 исто така во ЕХФ Европската лига ракометарите тогаш предводени од Жељко Бабиќ го имаа најдобриот резултат во групната фаза, односно во групата „Д“ запишаа пет победи за второ место на табелата, но во осминафиналето со два порази (26:29, 21:22) беа елиминирани од хрватскиот Нексе.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More