25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

„Еуроактив“: Албанија и Македонија во јуни би добиле зелено светло за преговори со ЕУ

Најчитани вести

Извори на „Еуроактив“ велат дека позитивна оценка за Украина за почеток на преговори не може да биде на маса доколку Албанија и Северна Македонија не напредуваат, поради што се споменува дека ЕУ во јуни ќе им даде зелено светло на Албанија и Македонија.

Србија и Црна Гора се веќе во преговори меѓу шесте земји од Западен Балкан. Но, процесот на пристапување на Црна Гора донекаде е закочен, и додека Србија продолжува да отвора поглавја, нема вистинска политичка волја за влез во ЕУ.

„Следни се Албанија и Северна Македонија, кои чекаат официјално да започнат преговорите, додека Косово и Босна и Херцеговина се уште немаат добиено кандидатски статус“, се вели во написот.

Премиерот Еди Рама вчера пристигна во Германија во рамки на официјална посета, а денеска во Берлин ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц. Меѓу другото, се очекува Рама да побара поддршка од Шолц за отворање на преговорите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com