25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

„Еурактив“: Бугарија ја менува тактиката кон Северна Македонија

Најчитани вести

Бриселски „Еурактив“, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дел од содржината на планот за спроведување на договорот за добрососедство, што го подготвила бугарската страна.

Според „Еурактив“, Софија поднела предлози поврзани со железницата, патиштата и инвестициите на бугарски компании во Северна Македонија. Опфатено е и отворање кампуси на бугарските универзитети во Северна Македонија, а има и дел што се однесува на учебниците по историја, пренесе „Дојче веле“.

„Еурактив“ наведува дека со поднесувањето на својот акциски план, Бугарија се обидува да ја промени својата тактика кон Македонија и на некој начин да ја ублажи напнатоста меѓу двете земји.

– Предложениот акциски план е првиот конструктивен чин на властите во Софија откако вицепремиерот Красимир Каракачанов во септември објави дека ќе биде блокирана европската перспектива на Северна Македонија – пишува „Еурактив“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести