Самуел Ето е огромен фан на Лионел Меси и според него тој е најдобар играч во историјата на фудбалот, но сепак никако не се согласува со еден заклучок кој често знае да го слушне од устите на новинарите.
Легендарниот голгетер од Камерун е еден од ретките кои сметаат дека Меси на почетокот бил дел од неговата ера во Барселона, а не обратно како што знаат да пренесуваат новинарите и светските медиуми.
Во последното виртуелно интерју кое го имаше, Камерунецот не пропушти да го поправи новинарот, кој при составувањето на прашањето, порача дека „Самуел играл со Меси“.
– Не, тој играше со мене и тоа е многу поразлично, – одговори Ето и додаде.
– Меси играше со мене, не играв јас со Меси. Во моето време, Меси играше со мене. Тоа е различно, комплетно различно, – вели Ето.