19.8 C
Skopje
Saturday, September 18, 2021

Еспер: Армијата на САД ќе користи вештачка интелигенција на легален и етички начин

Најчитани вести

Шефот на Пентагон, Марк Еспер синоќа нагласи дека американската армија ќе користи вештачка интелигенција по законски и етички пат и дека само луѓе ќе одлучуваат дали да се нападне дадена цел.

– Ќе користиме потенцијал од вештачка интелигенција за да создадеме сила адаптирана на нашата епоха, изјави министерот за одбрана пред експертска комисија.

Таа е одобрена од Конгресот со задача да го оцени потенцијалот и ризиците од користење вештачка интелигенција за националната безбедност.

Во извештај, објавен во понеделникот, се нагласува дека е неопходно САД да ја забрзаат работата на автономни оружја способни да локализираат цел, да оценат сами опасност и да ја елиминираат без човечки фактор.

Прашањето со автономните оружја останува тема за дебата во Пентагон каде основниот принцип е дека човек треба да донесе конечна одлука и дека машината не може сама да решава дали ќе пука врз дадена цел.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com