Home » ЕСМ работи забрзано на санацијата на оштетените топловодни цевки на мостот „Беласица“

ЕСМ работи забрзано на санацијата на оштетените топловодни цевки на мостот „Беласица“

by Журнал.мк

За неколку дена треба комплетно да заврши смената на опожарената топлинска мрежа на мостот „Беласица“ и веднаш потоа да се почне со санацијата на оштетените делови, вели за МТВ професорот Михаил Гаревски.

На мостот не му е потребно зајакнување бидејќи од визуелната слика што ја добивме од дрон се гледа дека каблите за пренапрегање не се оштетени, односно не биле зафатени од висока температура, вели Гаревски, кој очекува наскоро две ленти од коловозот да бидат пуштени за сообраќај.

На терен градежна механизација и работници на ЕСМ носеа нови и ги расчистуваа изгорените цевки кои од 12-ти мај стоеја под мостот. Оттаму уверуваат, во следната грејна сезона ќе има безбедна и непрекината испорака на топлинска енергија.

„Екипите од ЕСМ Дистрибуција на топлина по санацијата на оштетените цевки, работат на инсталација на нови цевки на мостот Беласица. Во моментов се вложуваат максимални напори инсталацијата да заврши во најкраток можен рок, со цел да се обезбеди сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа за следната грејна сезона“-стои во соопштението од ЕСМ.

За мостот Беласица архитектите имаа различни ставови. Наспроти тврдењето на Гаревски, деканот на Градежниот факултет, Горан Марковски направи студија која покажува дека мостот не смее да се пушти во сообраќај, додека прецизно не се утврдат оштетувањата и не се санираат.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More