33.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

ЕСМ најголем загубар меѓу државните компании

Најчитани вести

Со загуба од 1.033.100.724 денари (околу 16,8 милиони евра), направена во 2020 година, државната компанија која го раководи домашното производство на струја – Електростопанство на Македонија (ЕСМ) е најголемиот загубар меѓу државните компании и јавните претпријатија. Порталот Pari.com.mk во соработка со БизнисМрежа.мк ја анализираше профитабилноста на компаниите од државниот сектор, а податоците се запрепастувачки – долга листа на загубари и тоа од најсуштествените дејности – енергетика, транспорт, навигација, национална шума, паркинизи

Само првите 5 најголеми загубари од државниот сектор– енергетските компании за производство на струја и за високонапонската мрежа ЕСМ и МЕПСО, потоа двете компании од железничкиот сообраќај Железница – Инфраструктура и Железница – Транспорт и АД за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ направиле вкупна загуба од 47,8 милиони евра.Она што е опасно за загубите на компаниите од државниот и од јавниот сектор што тие директно преку цената, или индиректно преку услугите, удираат по грбот на народот.

Државната компанија ЕСМ е рекордер не само по загубите, туку и по бројот на вработени, по направените приходи, но и по направените расходи. Компанијата има дури 4.802 вработени, а во 2020 година реализирала приход од 12.015.429.364 денари (околу 195,4 милиони евра) и расход од 13.048.530.088 денари (околу 212,2 милиони евра).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести