ЕЛС – Еко Лоџистик Сервис е подготвена да и излезе во пресрет на АД Пошта за извршување непречена функсионалност во доставата на пратките и писмата.
Како што велат од ЕЛС, тие сакат да дадат целосна подршка на синдикатот и не се сомневаат дека заедно со менаџментот на АД Пошта ќе изнајдат најдобро решение за сите страни.
Напоменуваат дека ги поседуваат сите лиценци и дозволи за вршење на поштенска дејност до сите населени и рурални места во државата.
„огледувајќи ги актуелните случувања со Националниот оператор АД Пошта на Северна Македонија, сакаме да дадеме целосна поддршка на синдикатот и не се сомневаме дека заедно со менаџментот на АД Пошта на Северна Македонија ќе изнајдат најдобро решение за сите страни.
Воедно ЕЛС како најголем приватен поштенски оператор, кој располага со најголеми капацитети и најголем број на возила и канцеларии, подготвени сме да да излеземе во пресрет на потребите на јавниот и приватниот сектор , како и на граѓаните за извршување непречена функционалност во доставата на нивните писма и пратки бидејќи ЕЛС ги поседува сите дозволи и лиценци за вршење поштенска дејност и врши достава до сите населени и рурални места во државата.
Скопје 13.04.2022
Менаџерскиот тим на Еко Логистик Сервис„, се вели во соопштението.