Home » Ескобар: Северномакедонците се Европејци, а Северна Македонија е дел од Европа

Ескобар: Северномакедонците се Европејци, а Северна Македонија е дел од Европа

by Журнал.мк

САД ќе ги поддржуваaт Северна Македонија и Албанија во нивните напори за реформи со цел процесот на евроинтеграција, што тие го започнаа, да се движи брзо, изјави денеска Габриел Ескобар, заменик-помошникот на државниот секретар на САД, задолжен за Европа и Евроазија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

На денешниот брифинг посветен на ситуацијата во Западен Балкан, одговарајќи на новинарски прашања Ескобар укажа дека Северна Македонија е голем билатерален партнер и извонреден сојузник во НАТО. 

Тој повторно ја истакна пораката од Стратешкиот дијалог, кој САД го имаа со Северна Македонија во јуни во Вашингтон.

-Нашата позиција од искуството со Северна Македонија е дека таа е одличен партнер, лојален пријател и силен поддржувач на трансатлантската заедница. Северна Македонија заслужено го започна движењето во нивниот процес кон Европа. Тие направија тешки реформи и продолжуваат да прават тешки реформи, изјави тој. 

Укажа дека за САД, прашањето за јазикот и културниот идентитет на Северна Македонија не е прашање, и ја повика земјата да продолжи со конструктивниот дијалог со соседите и да се движи што побргу во процесот за пристапување. 

-САД остануваат силен партнер во охрабрување и поддршка на Северна Македонија во тој процес. И конечно, земјата сигурно ќе биде успешна во тој процес, рече Ескобар.

Тој на брифингот говорејќи за историската, културната и економската припадност на Македонците, ја употреби придавката „Северномакедонци“.

-Северномакедонците се Европејци, тие историски се Европејци, културолошки се Европејци и економски Северна Македонија е дел од Европа и е важен и ќе биде важен учесник во делот на транспортот ИТ секторот, па се до енергетскиот сектор, рече Ескобар. 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk