10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Ескобар: САД целосно ја поддржуваат европската интеграција на земјите од Западен Балкан

Најчитани вести

Габриел Ескобар американскиот заменик секретар во Бирото за европски и евроазиски работи кој на самитот на Западен Балкан изјави дека САД целосно ја поддржуваат европската интеграција на земјите од Западен Балкан и во иднина членството ќе ја зајакне стабилноста на регионот, рече

„Секоја земја која влегува во ЕУ носи и свои квалитети и придонесува за Унијата. Овие земји и географски припаѓаат на Европа и се дел од неа. Сакам да биде јасно дека целосната интеграција САД и ЕУ работат заедно и таа борба и заложба нема да престане. Останува да се затворат отворените прашања, да се спроведуваат зацртаните реформи, а во реформирањето Албанија,  Македонија па и Црна Гора веќе имаа напредок, рече Ескобар.

Додаде дека сега е вистинска можност да се создадат вистински односи со сите земји во Западен Балкан. Во шесте земји од овој регион живеат 20 милиони луѓе, а сега очекуваат раст од околу пет отсто, па Ескобар смета дека има и многу можности.

„Перспективите и можностите се огромни. И сега амбиентот е многу поразличен споредено со деведесеттите години. Сепак сакам да уверам дека ние сме присутни во регионот од Дејтон па се досега. Целосно ги поддржуваме европските напори на Албанија и Северна Македонија, сметаме дека и Црна Гора треба да се врати на тој пат, исто така да продолжи и напорот за интеграција на Босна и Херцеговина, рече Ескобар

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com