23 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

„Ер Азија Индија“ им дава на патниците маски за заштита од загадувањето во Делхи

Најчитани вести

Една од индиските авиокомпании го прошири опсегот на маски достапни во авионите. Во прилог на онаа за кислород, сега ќе им дава на патниците маски за заштита од смогот во главниот град, кој неодамна достигна токсични нивоа, пренесува РТ.

„Ер Азија Индија“ почна бесплатно да им дели маски против смогот на оние кои патуваат во Делхи од големи градови како Бенгалуру, Хајдерабад, Мумбај и Колката. Воздухот во индиската престолнина е толку токсичен што смртоносните честички – познати како PM 2.5 – можат да достигнат длабоко во белите дробови, предизвикувајќи карцином.

„Сега маските ќе им помогнат на патниците да се заштитат од загадување дури и по летот“, изјавија од авиокомпанијата.

Кампањата, сепак, е ограничена во обемот и е предвидена да трае до крајот на ноември.

„Ер Азија Индија“ не е прва компанија што се справува со загадениот воздух во Дели. Неодамна, низ градот се појавија и „кислородни кафулиња“ за да му помогнат на локалното население полесно да дише. Клиентите плаќаат помеѓу 299 и 499 рупии (околу 4 до 7 долари) за 15-минутна сесија со кислород ароматизиран со портокал, лаванда, цимет, еукалиптус, лимонска трева или пеперминт.

За стаписувачките нивоа на смог во градот се обвинети патничките возила, градежништвото и индустриската активност, како и палењето на ѓубрето и насадите надвор од главниот град.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести