Италијанскиот прволигаш Милан продолжува да биде активен на трансфер пазарот, па така откако вчера го официјализираше доаѓањето на Оливие Жиру денеска го потври трансферот на Фоде Бало-Туре од Монако.
Бало-Туре доаѓа во Милано за сума од 4 милиони евра и со неговиот ангажман „росонерите“ добиваат играч кој ќе му биде замена, поткрепа на незаменливиот Тео Ернандез на левата бековска позиција. Фоде настапуваше за младите селекции на Франција за да на крајот на сениорско ниво се одлучи за Сенегал.
Тој има 24 години и со Милан потпиша петгодишен договор, клуб во кој ќе го носи дресот со бројот пет.
Инаку дефанзивецот во досегашната кариера има настапувано за Лил и вториот тим на ПСЖ.