20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Ерманија го обвини Азербејџан за воени злосторста во Нагорно-Карабах

Најчитани вести

Ерменија денеска го обвини Азербејџан дека извршил воени злосторства во конфликтот меѓу двете кавкаски земји во сепаратистичкиот регион Нагорно- Карабах.

Обвинувањата доаѓаат истиот ден кога невладината организација Хјуман рајтс воч го објави извештајот во кој се тврди дека азербејџанската војска „злоупотребувала ерменски воени заробеници сурово и понижувачки постапувајќи со нив и мачејќи ги“.

Невладината организација го повика официјален Баку „веднаш да ги ослободи сите преостанати ерменски затвореници, цивили и војници“.

Портпаролката на ерменската дипломатија, Ана Нагдалијан, одговори дека извештајот докажува дека Азербејџан извршил „големи воени злосторства“ против ерменските затвореници.

-Извештаите покажуваат дека станува збор за систематско малтретирање и тортура врз ерменските воени затвореници, рече таа, додавајќи дека нивниот долг притвор може да се смета за „злосторство против човештвото“.

Баку ги негира обвинувањата и тврди дека сите затвореници биле ослободени и вратени во Ерменија.

Азербејџанскиот министер за надворешни работи, Џејхун Бајрамов во средата изјави дека неговата земја не ги смета за воени заробеници лицата заробени по потпишувањето на примирјето во ноември 2020 година.

Прекинот на огнот, со посредство на Москва, по шест недели борби во кој загинаа повеќе од 6.000 луѓе, на Ерменија и донесе големи територијални загуби и распоредување руски мировници на ерменската страна.

Амнести Интернешнл во декември 2020 година, ги повика Баку и Ереван да ги испитаат воените злосторства извршени на двете страни.

Ерменија се уште нема почнато никаква истрага, а Азербејџан во декември уапси двајца свои војници обвинети за сквернавење на телата на ерменските војници.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести