Кристијан Ериксен пред нешто повеќе од еден месец најави заминување од редовите на Тотенхем во овој преоден рок.
Сепак, како што дознава „Скај Спортс“ на адреса на лондонскиот клуб се уште нема пристигнато никаква официјална понуда, а причината за тоа е едноставна, Пол Погба.
Имено, приоритет на Реал Мадрид за средината на теренот е Пол Погба, и ќе сторат се што е во нивна моќ да го обезбедат неговиот потпис што е можно побргу.
Сепак, по најновите изјави на Солскјер, Манчестер Јунајтед нема да отстапи од своите барања и нема лесно да го пушти својот најдобар фудбалер во Реал Мадрид.
Доколку наскоро не изнајдат решение, од „кралскиот клуб“ дефинитивно ќе се насочат кон ангажман на данскиот фудбалер од редовите на Тотенхем.
Постои и друга опција Ериксен да го напушти тимот на Тотенхем, а и таа е поврзана со Пол Погба. Имено, доколку Реал Мадрид успее да го ангажира францускиот стратег, од Манчестер Јунајтед сериозно ќе притиснат во своите редови да го ангажираат Кристијан Ериксен.