17.8 C
Skopje
Monday, August 15, 2022

Ердон Даци заработи тешка повреда и ја заврши сезоната!

Најчитани вести

Македонскиот интернационалец Ердон Даци доживеа огромен шок. Фудбалерот на белгијски Вестерло заработи тешка повреда на коленото, па го очекува долга пауза. 

24-годишниот офанзивец е еден од најдобрите играчи на својот клуб, па ова е сериозен удар за Вестерло. Даци веројатно се повредил на тренинг, бидејќи беше дел од тимот на минатиот дуел со Леувен. Македонскиот интернационалец скина лигаменти во коленото и за него сезоната е многу веројатно готова. Самиот фудбалер ја потврди информацијата со објава на Инстаграм во која напиша: „Алах секогаш има подобар план од мојот личен. За мене оваа сезона е готова, но ќе се вратам посилен од било кога!“. 

Тоа е голема штета за кариерата на Даци, бидејќи минатата сезона ја заврши во одлична форма со десет гола во втората лига, а и на стартот на новата постигна погодок против Серкл Бриж. Со добрите партии Даци доби повик и во сениорската репрезентација на Македонија за бараж дуелите со Италија и Португалија, ама и натаму чека на свое деби.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com