14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Ердоган: Шумските пожари се глобална закана како и пандемијата на ковид-19

Најчитани вести

Шумските пожари се глобална закана како и пандемијата на ковид-19, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Анадолу.

„Целиот свет во моментов се соочува со овој предизвик, кој е како терористичка закана“, кажа Ердоган синоќа во телевизиско интервју.

Тој кажа дека во последните осум дена во Турција избиле 187 пожари, од кои 15 сè уште не се изгасени.

Турскиот претседател додаде дека вкупно 51 хеликоптер и 20 авиони се ангажирани во операциите за гасење на пожарите.

Според официјалните податоци, најмалку осум лица загинаа во пожарите во јужна и југозападна Турција од 28 јули.

Ердоган зборуваше и за вакцината против коронавирусот која ја развива Турција.

„Планираме во најкраток рок одобрување за итна употреба на турската вакцина Турковак и масовна вакцинација на ниво на државата“, кажа тој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com