9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Ердоган: Турција се уште нема донесено одлука да управува со аеродромот во Кабул

Најчитани вести

Официјална Анкара се уште нема донесено одлука за обезбедување техничка помош на талибанците во управувањето со аеродромот во Кабул, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ероган и прецизира дека во тек се разговори за тоа прашање.

Турски официјален претставник потврди дека талибанците побарале од Турција техничка помош за управување со аеродромот во Кабул, но со барање турските вооружени сили сепак да го напуштат Авганистан до 31 август.

– Талибанците ни рекоа – ние ќе се грижиме за безбедноста, а вие ќе управувате со аеродромот. Меѓутоа, ние се уште не сме донеле одлука, имајќи предвид дека таму секогаш постои смртна опасност, рече Ердоган на прес-конференција пред да замине во официјална посета на БиХ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com