9.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Ердоган: Турските сили го ликвидираа Селман Бозкир, еден од водачите на ПКК

Најчитани вести

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турските безбедносни сили го неутрализирале Селман Бозкир, еден од водачите на Курдската работничка партија (ПКК), која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ. Информацијата за неутрализирање на еден од лидерите на ПКК, Ердоган ја објави на Твитер, пренесува Анадолија. „На овој начин сакам да им ја кажам на луѓето добрата вест.

„Истакнатиот водач на терористичката организација ПКК и главен терорист во Махмур, Селман Бозкир, со кодно име Доктор Хусеин, беше неутрализиран вчера од нашите херои на Националната разузнавачка служба“, соопшти Ердоган. Турскиот претседател Ердоган им се заблагодари на сите учесници во таа успешна антитерористичка операција. „Ќе продолжиме да ги сушиме корените на тероризмот и нема да дозволиме предавничката и сепаратистичка терористичка организација да го користи Махмур како инкубатор за тероризам“, рече Ердоган.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com