-1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Ердоган: Смртта на Багдади е пресвртница во борбата против тероризмот

Најчитани вести

Смртта на водачот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади претставува пресвртница во заедничката борба против тероризмот, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган на Твитер објави дека Турција платила висока цена во борбата против тероризмот, вклучително и онаа против курдските борци од Сириските национални одбранбени сили.

„Убеден сум дека одлучната борба против тероризмот ќе донесе мир за целото човештво“, рече Ердоган. Тој додаде дека Турција ќе продолжи да ги поддржува напорите за борба против тероризмот.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека Ал Багдади е мртов. Трамп додаде дека 15 минути по смртта на Ал Багдади, бил направен ДНК-тест за да се потврди неговиот идентитет.Според Трамп, Ал Багдади бил следен неколку недели и операцијата ја спровеле САД.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести