-6.6 C
Skopje
Tuesday, January 19, 2021

Ердоган се приклучи на турската платформа на Телеграм

Најчитани вести

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера отвори свој канал на платформата Телеграф.

„Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е на Телеграм! Ви благодарам што се претплативте на нашиот Телеграм канал. Денеска отвораме и нов канал на новата платформа БИП”, напиша синоќа Ердоган на каналот.

Каналот на Ердоган е верификуван од Телеграм, а заклучно со синоќа тој веќе има повеќе од 128.000 следбеници, наведе Тасс.

Неодамна, многу корисници на социјални мрежи и месинџери го напуштија Воцап поради ажурираните услови за користење, според кои своите податоци мораат да ги споделуваат со Фејсбук.

Одлуката дека на Фејсбук ќе му бидат проследени телефонските броеви, трансакциите и IP-адресите на корисниците на Воцап беше критикувана во Турција, при што многумина се префрлија на Телеграм и БИП, месинџер на турската телекомуникациска мрежа Турксел.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести