-3.2 C
Skopje
Tuesday, January 18, 2022

Ердоган: САД треба повеќе да им помагаат на бегалците од Авганистан, 20 години беа таму

Најчитани вести

По две децении поминати во Авганистан, САД би требало повеќе да им помагаат на бегалците од таа земја, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обраќањето пред Генералното собрание на ОН.

Турција, земјата со најмногу бегалци во светот, околу четири милиони, претежно Сиријци, предупреди дека не може да прифаќа повеќе луѓе од Авганистан.

„Во моментов, САД не ги исполнуваат своите обврски. Имаме повеќе од 300.000 авганистански бегалци и повеќе нема да можеме да прифатиме никого друг од Авганистан“, рече Ердоган претходно за телевизијата Си-би-ес.

Тој додаде дека САД треба да направат и да инвестираат повеќе, бидејќи беа присутни во Авганистан веќе 20 години.

Приливот на бегалци од Авганистан се зголеми минатиот месец кога талибанците ја презедоа власта во таа земја.

Во своето обраќање, Ердоган предупреди и на нов потенцијален бран бегалци предизвикан од климатските промени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com