Home » Ердоган прогласи победа, порача дека единствениот победник на изборите е Турција

Ердоган прогласи победа, порача дека единствениот победник на изборите е Турција

by Журнал.мк

Врховната изборна комисија на Турција соопшти дека актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган води пред неговиот противкандидат, опозиционерот Кемал Киличдароглу, според прелиминарните резултати од вториот круг на претседателските избори. Во Истанбул се слави. Ердоган, прогласи победа. Им се заблагодари на гласачите и рече дека му дале одговорност да владее со Турција уште пет години. Порача дека единствениот победник на овие избори е Турција.

„Го завршивме вториот круг од претседателските избори во корист на нашата нација. Единствениот победник на овие избори е Турција, победија сите 85 милиони луѓе во нашата земја. Вашата волја стана турската сила, неуништлива сила“, изјави Ердоган во својот говор.

Турскиот национален сервис соопшти дека по преброени 97,9 отсто од гласовите, Ердоган води со 52,14 отсто, додека неговиот противкандидат Киличдароглу освоил 47,86 отсто.

Киличдароглу го призна поразот на изборите и кажа дека ќе продолжи да се бори за одбрана на правата на Турците. Им се заблагодари на 25-те милиони луѓе кои гласаа за него и рече дека „битката продолжува“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk