20.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Ердоган подготвен да посредува меѓу САД и Иран

Најчитани вести

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е подготвен да посредува меѓу Вашингтон и Техеран со цел да се намалат тензиите околу иранската нуклеарна програма.

Ердоган рече дека разговарал за неговата можна улога на посредник со јапонскиот премиер Шинзо Абе за време на самитот на Г20 во Осака, објави АП.

Тој додаде дека Абе го прашал дали Турција и Јапонија би можеле да дејствуваат заедно како посредници и дека му одговорил дека се согласува да се состане со иранските лидери.

Иран предупреди дека ќе го зголеми збогатувањето на ураниумот откако тензиите се зголемија една година по повлекувањето на американскиот претседател Доналд Трам од нуклеарната спогодба што САД и најсилните европски земји ја потпишаа со Иран во 2015 година

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com