27.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Ердоган: Неприфатливо е да ни бранат нуклеарно оружје

Најчитани вести

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека е неприфатливо државите кои имаат нуклеарно оружје да ѝ забранат на Турција и самата да го набавува.

Сепак, Ердоган не кажа дали Турција навистина го има тоа во план, забележа „Ројтерс“.

„Некои земји имаат ракети со нуклеарни боеви глави, не една или две. Но, тие ни кажуваат дека не можеме да ги имаме. Тоа не можам да го прифатам“, рече Ердоган, обраќајќи им се на членовите на неговата Партија на правдата и развојот во турскиот град Сивас.

Турскиот претседател истакна дека не постои развиена земја во светот која нема нуклеарно оружје.

Турција го потпиша Договорот за неширење на нуклеарно вооружување во 1980 година и Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарно тестирање во 1996 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести