Home » Ердоган најави дека догодина ќе се кандидира на претседателските избори

Ердоган најави дека догодина ќе се кандидира на претседателските избори

by Журнал.мк

„Овде велам, Таип Ердоган е кандидат на Народната алијанса за претседател“, им рече Ердоган денеска пред приврзаниците во егејскиот град Измир, мислејќи на изборниот сојуз со екстремно десничарската Партија на националистичкото движење (МХП).

Многу набљудувачи веруваат дека изборната трка следната година ќе биде една од најкритичните избори во поновата турска историја.

По речиси дваесет години на власт, конзервативната Исламска Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган ќе излезе на избори во услови на растечка валутна криза, највисоката стапка на инфлација во последните две децении и зголемената невработеност, меѓу другите проблеми.

Опозицијата, исто така, го обвинува Ердоган за засилување на заплашувањето на потенцијалните политички ривали во контекст на изборите во 2023 година.

АКП и МХП формираа сојуз на изборите во 2018 година, кога Ердоган беше реизбран со уште поголеми овластувања. Во тоа време, најголеми противници беа Националната алијанса, како и главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) и Националната конзервативна партија Ији партија.

Ердоган го повика и лидерот на ЦХП, Кемал Киличдароглу, да ја објави или својата кандидатура или кандидатурата на некој од партијата. Неодамна, уште четири опозициски партии се приклучија на ЦХП и на партијата Ији за да се договорат за стратегија за соборување на, како што ја нарекуваат, авторитарната власт на Ердоган. Алијансата допрва треба да го објави својот претседателски кандидат.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk