10.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Ердоган во посета на Саудиска Арабија

Најчитани вести

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска престојува во дводневна посета на Саудиска Арабија.

Според кабинетот на турскиот претседател, Ердоган на средби со саудиски претставници ќе разговара за односите меѓу Анкара и Ријад, како и за начините за зголемување на соработката.

Односите меѓу двете земји беа нарушени по убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври 2018 година, а Ердоган ги обвини „највисоките нивоа“ на саудиската влада дека издале наредба за извршување на тоа дело.

Оттогаш Анкара значително ја ублажи својата реторика, а на почетокот на овој месец Турција одлучи да го префрли судскиот спор за убиството на новинарот Кашоги во Саудиска Арабија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com