18 C
Skopje
Wednesday, March 3, 2021

Ердоган вети радикални реформи

Најчитани вести

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во својот говор на провинцискиот конгрес на владејачката Партија на правдата и развојот преку видео врска од Истанбул, изјави дека нацијата треба да очекува „порадикални реформи“ во економијата и судството.

– Кога ќе дојде вистинско време, ние ќе ја споделиме со нашата нација работата што ја направивме за да спроведеме многу порадикални реформи, истакна Ердоган во својот говор.

Официјални претставници постојано повторуваа дека Турција одлучно ќе спроведе реформи, кои ќе ја направат иднината предвидлива за инвеститорите. Повторувајќи дека Турција ќе ги постигне своите цели за 2023 година под раководство на неговата влада, Ердоган нагласи дека и новите проекти ќе бидат ставени во пракса.

– Кризата со Ковид-19 ја покажа силата на нашата здравствена инфраструктура, земјотресите ја покажаа силата на нашата инфраструктура за катастрофи, а пандемиските мерки ја покажаа силата на нашата инфраструктура за производство, снабдување и образовна технологија, додаде турскиот претседател.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести