4 C
Skopje
Tuesday, March 2, 2021

ЕП 2021 ќе се одржи во една земја!

Најчитани вести

т Александар Чеферин сериозно размислуваат турнирот да се одржи во една земја. Првенството беше одложени минатата година и презакажано за оваа 2021-ва токму поради глобалната пандемија.

Не смееме да заборавиме дека идејата за турнир низ цела Европа се јави пред оваа пандемија предизвикана од Ковид-19“. Во тоа време идејата на Европската комисија беше турнирот да се игра низ цел континент. Но знам дека претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, кој е исклучително внимателен со Ковид-19, размислува дали би било пологично турнирот да се игра во една земја, изјави Румениге.

Пред неколку недели, неколку светски познати медиуми ја пласираа и информацијата дека УЕФА сериозно размислува Русија да биде домаќин на завршниот турнир, но потпаролот на УЕФА експресно ја демантираше таквата информација.

Моментално работиме со 12-те градови домаќини на многу сценарија, дали да има полни стадиони, дали капацитетот да биде помеѓу 50 отсто и 100 отсто, дали да се игра со капацитет од 20 до 30 отсто или воопшто да нема публика на трибините, велат од УЕФА.

Конечната одлука околу организацијата на ЕП 2021 треба да биде донесена најкасно до 5 март, а завршниот турнир треба да стартува на 11 јуни и ќе трае до 11 јули. Фудбалската репрезентација на Македонија која за првпат обезбеди пласман на едно големо натпреварување првите два натпревари, против селекциите на Украина и Австрија треба да ги одигра во Букурешт, а дуелот против Холандија треба да биде одигран во Амстердам.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести