36.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Епидемиолозите алармираат: Не е доволно да се вакцинира 70 отсто од населението

Најчитани вести

Епидемиолозите во Белгија алармираат дека целта на вакцинација на 70 отсто од населението не е доволна за да се запре епидемијата од ковид-19.

Во интервју за весникот Ниузблад, епидемиологот Пјер Ван Дам од Универзитетот во Антверпен посочи дека за ефективно спречување на инфекциите треба 80 проценти од населението да се вакцинирана.

Повеќе други епидемиолози во Белгија се придружија кон оваа научна проценка.

Главна причина за овој став е дека вирусот брзо мутира, а вакцините не се сто отсто ефикасни.

– Знаеме дека 70 отсто нема да биде доволно за да се стави вирусот под контрола, затоа мораме да целиме кон повеќе, стапка на вакцинираност од 80 отсто би требало да е изводливо – истакна Ван Дам.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести