16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

ЕНТОНИ ХОПКИНС (83г.), ОСВОИ БАФТА НАГРАДА БЕЗ ДА ЗНАЕ: Се сликав во хотелот, а потоа слушнав славење ! Си помислив…

Најчитани вести

Познатиот оскаровец кој за време на пандемијата престојуваше во Велс дозна дека е добитник на наградата БАФТА во хотелот.

Американскиот актер Ентони Хопкинс (83) ја доби наградата БАФТА за најдобра машка улога во филмот „Татко“, затоа што маестрално го претстави ликот кој страдаше од деменција.

На доделувањето на наградите на Британската академија за филмска и ТВ уметност, што се одржа вчера во Кралскиот Алберт Хол во Лондон, без присуство на публика поради пандемијата на коронарниот вирус, безвременскиот актер замина во историјата како најстара личност да победи во категоријата главен актер.

И покрај историската победа, славниот актер дури и не се појави на виртуелната церемонија преку Зум, како повеќето победници и во негово име наградата му беше врачена на сценаристот на филмот Флоријан Зелер.

Актерот ја поминува пандемија во Велс, а за медиумите откри дека се сликал во својата хотелска соба за време на церемонијата и дека сè уште не бил свесен дека ја добил наградата. Тој дознал само кога бил информиран од неговото семејство, кое со нетрпение ја следело церемонијата.

“Ова е прекрасно, никогаш во животот не очекував дека ќе ја освојам оваа награда. Ова е бонус за мене, забавен бонус, сакам да им честитам на сите победници и номинирани. Изненаден сум од фактот што седев во мојот хотел и се фотографирав кога слушнав славење од соседната соба „Мислев дека гледаат фудбалски натпревар“- рече Ентони.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести