Home » Енергетските компании од Франција апелираат за штедење на енергијата

Енергетските компании од Франција апелираат за штедење на енергијата

by Журнал.мк

Лидерите на големите француски енергетски компании ги повикаа граѓаните и бизнисите веднаш да ја ограничат потрошувачката на енергија за да може да се подготват за енергетската криза.

„Треба да работиме заедно за да ги намалиме нашите трошоци за да обезбедиме простор за маневрирање”, велат извршните директори на Енџи, ЕДФ и Тотал.

Во писмото, потпишано од Кетрин Мек Грегор од Енџи, Жан-Бернард Леви од ЕДФ и Патрик Пујан од Тотал Енерџис, повикот за заштеди се објаснува со остриот пад на испораките на руски гас и ограниченото производство на електрична енергија поради проблеми со одржувањето.

Франција има намера да ги надополни капацитетите за складирање гас до почетокот на есента, објави минатиот четврток премиерката Елизабет Борн.

Складиштата за гас во моментов се полни 59 отсто.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More