29.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

Ендрју Гарфилд ќе паузира од актерството

Најчитани вести

Ендрју Гарфилд ќе паузира одредено време од актерската професија.

38-годишната ѕвезда потврди дека ќе се повлече откако ќе заврши со снимањето на серијата „Под знамето на рајот“ (Under the Banner of Heaven), адаптација на крими-романот на Џон Кракауер од 2003 година.

„Ќе одморам малку,“ рече Ендрју, кој неодамна глумеше во „Тик-так…бум!“ и накратко се појави во најновиот од серијалот за Спајдермен, „Човек-пајак: Далеку од дома“.

„Треба повторно да се калибрирам и да преиспитам што сакам да правам следно и кој сакам да бидам. Бидејќи како што знаете, тоа е машина за перење, таа сезона на награди.“

Во интервју за „Вараети“, холивудската ѕвезда објасни дека сака да направи чекор назад и да ужива во нормален живот одредено време.

„Едноставно сакам да бидам обичен човек некое време,“ доаде тој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com