17.8 C
Skopje
Monday, August 15, 2022

Ендокринолошки пакети во КБ ,,Аџибадем Систина“ – прецизна евалуација преку мултидисциплинарен пристап

Најчитани вести

Eндокриниот систем е комплексен систем кој ги вклучува панкреасот, тироидната жлезда, паратироидната жлезда, епифизата, хипоталамусот, надбубрежните жлезди, хипофизата, машките и женските репродуктивни органи, како и сите други органи кои метаболизираат хормони.

Нарушувањата на ендокриниот систем најчесто се резултат на хормонски дисбаланс кој кај секој организам се манифестира на различен начин.

Ова нарушување може да покажува различни знаци и симптоми, преку различни органи кај човекот, а многу често на луѓето им треба подолго време за да ги утврдат симптомите и да го откријат проблемот.

Затоа често луѓето се прашуваат зошто не можат да ослабат и покрај редовното вежбање и правилната исхрана, зошто чувствуваат постојан замор, иако спијат доволно или од друга страна, зошто имаат тешкотии при спиењето.

Зошто кај нив се јавува непријатно чувство, односно нетолеранција на повисоки или пониски температури, кожата и косата им се многу суви или масни, имаат постојано забрзано или забавено отчукување на срцето и многу други симптоми кои може и секојдневно да се чувствуваат, а укажуваат на одредено нарушување на некој дел од ендокриниот систем во организмот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com