Home » Енди Мари вели дека годинава Русите и Белорусите ќе играат на Вимблдон

Енди Мари вели дека годинава Русите и Белорусите ќе играат на Вимблдон

by Журнал.мк

Руските и белоруските тенисери на кои минатата година им беше забрането да играат на Вимблдон, годинава, според Британецот, ќе можат да учествуваат

Британскиот тенисер Енди Мари очекува Вимблдон повторно да ги прими руските и белоруските играчи, откако минатата година беа казнети поради инвазијата на Украина

Организаторот, „Ол Ингланд лон тенис клаб“, им забрани на тенисерите од споменатите две земји да учествуваат на сите турнири на трева во Британија минатата година.

Британскиот поранешен светски рекет број 1, Мари, рече дека разбира оти на Русите и Белорусите ќе им биде дозволено да играат на Вимблдон оваа година( 3-16 јули).

– Тешка ситуација е и навистина сочувствувам со тенисерите кои не можеа да играат лани. Но исто така ја разбирам ситуацијата и зошто е навистина тешко за Вимблдон да „пресече“. Како што разбирам, ќе им биде дозволено да играат и јас нема да се лутам ако тоа се оствари. Но ако Вимблдон се одлучи за друго решение, ќе разберам исто така – вели Мари.

Двократниот шампион на Вимблдон во сингл Мари (35), во мај минатата година изјави дека „не поддржува играчите да добијат забрана за учество“ на турнири.

Минатогодишната победничка на Вимблдон во женски сингл беше Елена Рибакина, родена во Москва, која настапи како државјанка на Казахстан.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk