1.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

Емотивниот Јанис испрати моќна порака по НБА финалето: „Пред 8 и пол години мајка ми продаваше работи на улица, а сега сум на врвот“

Најчитани вести

Јанис Адетокумбо беше многу емотивен по освојување на шампионската титула во НБА лигата со својот Милвоки Бакс, а по победата рекол дека во кариерата поминал низ сè што е можно, на теренот и надвор од него.

Милвоки го совладаа Финикс Санс со 105:98 и славеа со 4:2 во победи. Очекувано, херој на финалето беше Јанис Адетокумбо кој го одигра најдобриот натпревар во кариерата, ако се земе во обѕир влогот – 50 поени со шут од игра 16-25 и за него неверојатни 17-19 од линијата за слободни фрлања. На тоа додаде 14 скокови, 2 асистенции и 5 блокади и на крајот беше прогласен за МВП на финалната серија.

На прашањето дали верувал дека ќе се случи ваков момент кога започнал да тренира кошарка, емотивниот Јанис одговори:

„Човеку… Не, човеку. Ох, Боже мој. Започнав да играм кошарка само за да можам да му помогнам на моето семејство, да се извлечеме од страдањето. Се соочувавме со многу предизвици како деца. Никогаш не мислев дека ќе играм во финале на НБА лигата на 26 години, не да победам туку само да бидам дел од него. Никогаш не сум помислил дека ќе седам тука со овие два трофеи. Далеку стигнавме“.https://www.youtube.com/embed/7V0UFnukW6M

Адетокумбо изјави дека ги претставува двете свои земји – Нигерија и Грција.

„Ова би требало да го мотивира секој човек на светот да верува со своите соништа. Кога сè делува лошо, треба да верувате и да продолжите да работите, не дозволувајте некој да ви кажува што не можете да направите. Луѓето зборуваа дека не можам да погодам слободно фрлање, а денеска ги погодив и јас сум шампион. Ги дадов слободните фрлања иако не требаше да ги дадам. Се шегувам. Всушност, не се шегувам“, изјави Јанис и додаде:

„Се надевам дека на луѓето им дадов надеж дека нешто може да направи. Пред 8 и пол години, мајка ми продаваше работи на улица, а сега сум на врвот. Благословен сум, дури и никогаш да немав можност да седам тука. Сите треба да веруваат во своите соништа“.

„За мене ова беше долго патување, направив сè што можев за да дојдам до оваа позиција. Не влегував во игра, потоа влегував од клупа, бев стартер, отидов кај управата и им реков да ме испратат во развојната лига… Играв како плејмејкер, бев оној кој трча без топка, правев сè… Денеска морав да правам по малку од сето тоа, многумина ми помогнаа: Џон Хемон кој ме донесе во САД, веруваше во мене и ме третираше како син. Лери Дру, Џејсон Кид кој ме мотивираше и направи да усовршам некои елементи од играта. И тренерот Бад Буденхолзер кој ми рече дека мора да им верувам на своите соиграчи доколку сакам да успеам, да не бидам тврдоглав. Тоа беше 3-годишен процес, а сега сме шампиони. Направив сè на теренот, надвор од него, но не застанувам тука, тоа е мојот карактер“, вели Адетокумбо.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести