Флавио Ди Муро, пратеник на Лигата за север, направил несекојдневна работа на седницата во италијанскиот парламент.
Кога добил збор тој извадил прстен и ја запросил својата колешка.
„Елиза, сакаш ли да се омажиш за мене“, прашал Ди Муро, пренесува весникот Република.
Неговите колеги од партијата со радост го проследиле неговиот потег и го поздравиле со ракоплескање.
Претседателот на Собранието имал помалку разбирање и му замерил на таковото однесување.