Британскиот принц Хари, во интервју кое го даде во Африка, за прв пат зборуваше за неговата врска со неговиот постар брат Вилијам. Судејќи според неговите зборови, односот меѓу браќата не е премногу близок, а Хари призна дека двајцата биле на „различни патеки“.
Во интервјуто кое го водеше новинарот, Том Бредби, додека тој и неговата сопруга Меган Маркл беа на пат во Африка, Хари изјави дека имало „добри и лоши денови за браќата“.
– Постојат многу тврдења дека врската со вашиот брат е во процеп. Колку е тоа точно?, праша репортерот.
– Тоа е дел од оваа улога, дел од оваа работа, семејство, притисокот постои. Но, ние сме браќа и секогаш ќе бидеме. Сигурно е дека во моментов сме на различни патеки, но јас секогаш ќе бидам таму за него, и колку што знам тој е за мене. Ние не се гледаме едни со други толку често како порано, но јас многу го сакам и вие сами знаете дека повеќето тврдења се направени од ништо. Но, како браќа, имате добри денови и лоши денови“, рече тој.
Постојат разни гласини за кавгата меѓу двајцата браќа, но почесто има несогласувања меѓу нивните сопруги Меган Маркл и Кејт Мидлтон.
Ова е исто така причина зошто Хари и Меган се иселиле од палатата Кенсингтон во мај.
Принцот Хари зборуваше за медиумскиот притисок и за начинот на кој британските таблоиди известуваат за кралското семејство, особено неговата сопруга.
Патем, во интервјуто кое за новинарот Бредби, го даде и Меган Маркл имаше и „тешки прашања“, па војвотката во еден момент беше на работ на солзи.