Ана Бекута го прослави 60-от роденден во друштво на својот партнер Милутин Мркоњиќ и блиските пријатели и колеги во еден белградски ресторан.

Популарната пејачка им кажа на новинарите дека најдобар подарок и’ е саканиот, кој во оваа пригода и’ подари скапоцена белезица.
Славеничката пред собраните гости откри дека си посакала со пријателите да се најде на истото место идната деценија.
На прославата присуствуваше и популарната Јелена Карлеуша.
Среќен роденден на мојата прекрасна пријателка“, порача таа во описот на фотографиите што ги објави на својот инстаграм-профил, на што Ана и’ одговори:
Таа ноќ беа потребни насмевки и радости, кои ги имаше премногу благодарение и на твојата добра енергија. Ти благодарам“./ubavinaizdravje.mk