Емотивен момент: Коко по 10 години го препозна својот неговател Драган

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Шимпанзото Коко, кое пред 10 години беше испратено на рехабилитација во Холандија, вчера се врати во својот дом во Скопје. Таму, го пречека неговиот стар другар, Драган, кого Коко веднаш го препозна.

Емотивен момент. 10 години подоцна се сретнаа двајцата верни другари. Тогаш, Драган беше еден од луѓето кои инсистираа Коко да замине на ресоцијализација, иако силно приврзан за него. Денес, Коко веднаш го препозна Драган. Се израдува како мало дете. Додуша и двајцата се израдуваа. Ние плачевме. Навистина е многу емотивно кога ќе видиш колку животните знаат да дадат љубов и ги памтат оние кои ги сакале, пренесе портпаролот на скопската ЗОО, Тина Мицковска.

Со Коко од Холандија пристигнаа и Мими, Роси и Хјасл.

Џ.И.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.