Емина Јаховиќ помина низ лош период откако се разведе од Мустафа Сандал, но сега изгледа работите одат во нејзина корист.
Имено, пејачката неодамна ја издаде својата нова песна „Мушко више не могу“ која ја сними во дует со Наташа Беквалац.
Но, како што пишуваат српските медиуми, Емина се почeстила и со луксузен стан во еден комплекс на Златибор.

Инаку, неодамна во медиумите се појавија фотографии од Емина и Садетин како се шетаат низ Турција, а сега таа накратко ги прокоментира овие фотографии.
“Секако дека не ми пречи. Љубовта е убава и мислам дека тоа го разубавува светот“, рече Емина.