9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Емина Јаховиќ прозборе за разделбата со турскиот милионер

Најчитани вести

Поп-пејачката Емина Јаховиќ повторно ја раскина љубовната врска со турскиот милионер и бизнисмен Садетин Саран, а сега за српските медиуми откри како се чувствува по разделбата.

„Се разбира дека за ништо не се каам, сите врски и сите односи имаат свој крај, јас сум сосема помирена со тоа“, изјавила Емина и додала дека сега ќе се концентрира исклучиво на деловните планови.

„Се чувствувам многу добро и мора да работам многу и да се фокусирам на работата. Ништо не може да ми ги наруши плановите освен здравјето, кое го имам сега и најважно ми е моите деца да се добро“, раскажа пејачката за „Ексклузивно“.

За разлика од неа, која тврди дека се чувствува добро, турските медиуми пишуваат дека Садетин се наоѓа на австриска клиника каде што се лекува од депресија.

Имено, во истата клиника се лекувал и по разводот со сопругата, пренесуваат турските медиуми. Текстот Емина Јаховиќ прозборе за разделбата со турскиот милионер е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com